Дигиталниот маркетинг не е област во која би можеле да се опуштите за подолго време. Всушност, би можеле, но како што се движи напред со огромна брзина, ќе се најдете себеси заостанувајќи многу поназад.

Иако, речиси работите се менуваат на неделна база, ние одлучивме да погледнеме за она што не очекува до крајот на годината.

Предвидувања во дигиталниот маркетинг

Јазот уште повеќе ќе порасне помеѓу Mobile и Desktop

Не беше некое големо изненадување кога продажбата на мобилни апарати ја надмина онаа на десктоп компјутери. Она што беше најнепчекувано е брзината со која се шири јазот помеѓу двете. Се претпоставува дека разликата уште повеќе ќе се зголеми со фактот дека маркетарите се стремат кон мобилниот маркетинг. Десктопот не би требало да се игнорира како и да е. Сеуште е популарно, но никогаш повеќе нема да биде број еден платформа. Кога станува збор за мобилната продажба, растечките бројки се апсолутно зашеметувачки. На пример, според Goldman Sachs, мобилната продажба ќе зазема приближно половина од електронската продажба во 2018.

Видео рекламирањето да се применува уште повеќе

Се додека се работи за дигиталниот маркетинг, видеото е цар! На глобално ниво, луѓето гледаат милиони различни видеа на YouTube секој ден. Facebook сега прави тешки инвестиции во видео реклами, а и Bing исто така нуди видео опции во своите реклами. Се зборува дека и Google би можел сериозно да се вклучи во видео рекламирањето. Сето ова води кон заклучокот дека 2016 е годината кога видео рекламирањето ќе прерасне во сосема нова игра.

Виртуелната реалност се поизвесно станува меинстрим

Иако сите знаци наведуваа на тоа, 2015 не излезе дека е годината во која виртуелната реалност стана меинстрим. Иако не сме на работ на масовна адаптација и прифатеност, индикаторите покажуваат дека 2016 ќе биде годината кога виртуелната реалност ќе доживее револуција.

Маркетинг заснован на локација ќе достигне големи височини

Би било прилично глупаво да го игнорираме масовниот потенцијал кој доаѓа од овој тип на маркетинг. “Beacon технологијата” е брзорастечка, а оние маркетери кои знаат како да го користат веќе се на правиот пат. Ова е медиум со речиси бесконечни можности. Една од неговите главни доблести е што помага при пополнувањето на празнината помеѓу online и личниот дигитален маркетинг. Оваа нова техника е препознатлива како geo-fancing, која им овозможува на компаниите да им испраќаат екстремно таргетирани пораки и понуди врз база на нивната локација со цел уште поголема персонализација во светот на дигиталниот маркетинг.

Ставање на акцентот на маркетингот за односи

Експертите веруваат дека оваа овласт сеуште не го достигнала својот врв и покрај неговото двосмислено значење. Заклучокот е дека маркетингот за односи првенствено е стратегија која е дизајнирана за охрабрување на потрошувачите кон интеракција, лојалност и приврзаност на долг рок.

Заклучок

Сумирано, 2016 би можела да биде највозбудливата година до сега во рамките на прогресот направен во дигиталниот маркетинг. Со нетрпение очекуваме да видиме како овие предвидувања ќе се одвиваат во текот на следниве неколку години, како и воздигнувањето на многу нови технологии.

Кои се вашите претпоставки во врска со дигиталниот маркетинг кои би сакале да ги споделите?