Не многу одамна, блогирањето беше de facto начин за да ви биде слушнат гласот на интернет. Сега, некои се сомневаат во блогирањето, како метод пред изумирање.

Со појавата на таканаречените микро-блогинг платформи како што се Facebook, Instagram, Twitter или Tumblir, традиционалните блогови останаа во втор план. Одтогаш, таканареченото “изумирање на блоговите” стана се почеста тема на пишување по интернетот.

Многумина се носталгични за старите денови кога со помош на присобран мал капитал или маркетинг фирма, би можеле едноставно да го блогнете својот пат до популарност и профитабилност.

Но дали блогирањето е мртво – или само е променето?

Од наша перспектива, блогирањето не е навистина готово – само се случува на еден многу побрз начин, на повеќе социјални платформи и во многу пократка форма. Блогирањето како пракса не е мртво, но неговиот традиционален формат, персонална вебстрана, со сигурност е застарено. На социјалните мрежи, блогерите ги споделуваат своите стории, остваруваат конекции и даваат мислења, сите функции кои тие ги имаа на својот персонален блог.

Блогирањето еволуираше во маркетинг! Со тек на времето, луѓето ги променија своите потрошувачки навики и ги принудуваат компаниите да преминат на многу поперсонално продавање. Но блогот, сеуште служи како катче каде луѓето оддвојуваат време за да ги сумираат резултатите од својата работа, простор кој им служи да се искажат себеси на начин на кој тоа е просто невозможно, на пример на Facebook или Twitter.

Блогирањето на некоја страна е дефинитивно работење одколку играње, без разлика што изгледа како поинтетесна страна од работата. Тоа е захтервна и креативна активност, а мора и таква да биде ако сакате другите да читаат и да уживаат!