Instagram конечно ја заострува својата платформа за многу посериозни фотографи отколку само за сцијал-медиа зависници. Повеќето различни опции помагаат да споделувате фотографии како што вие скакате да бидат видени, додека зумирањето овозможува да се фокусирате на деталите.

Покрај тоа, Instagram сеуште нема да ви дозволи да ги ротирате вашите слики на landscape, а сега кога веќе можете да ги зумирате фотографиите, потребно ќе ви биде сериозно системско надградување над досегашната максимална резолуција од 1080 пиксели широчина. После се, имаме QHD и 4К екрани на нашите паметни уреди.

Да признаеме, Instagram од секогаш бил повеќе за споделување моменти, отколку чиста естетика или техничко оценување на фотографијата, па претпоставката е дека затоа и компанијата немаше воведено зум како опција од прв момент. Но со секое подобрување на камерите од мобилните телефони и се поголемиот број на фотографи кои ги споделуваат своите професионални фотографии на Instagram, оваа промена е многу поценета.

Како што најавија од тимот на Instagram, Google со своите Android корисници би требло да почекаат за претстојната недела, а за корисниците на Windows сеуште нема ништо конкретно.

Како и да е, пријатно е да се види ваква позитивна промена, шест години после лансирањето на Instagram. Се чини во иднина не очекуваат уште многу промени на полето на социјалните мрежи.