Навратете се чекор назад и размислете за овој наслов бар за момент. Замислете си да гуглате на Facebook и да можете да купувате продукти преку апликација за пораки на Facebook. Колку добро би било тоа. Она што е уште поневеројатно е што ќе можете ова да го користите како предност за своите клиенти/потрошувачи. Во моментов, Facebook работи на тестирање на нивен сопствен пребарувач, кој ќе резултира со поголеми пребарувачки можности во рамките на социјалните медиуми. Брендовите исто така ќе добијат автоматски “поттик за видливост” (visibility boost) со овие пребарувачки можности. Но она што навистина ја поттикнува нашата возбуда е лансирањето на “Businesses on Messenger”.

Компаниите ќе имаат можност за интеракција со потрошувачите преку “Facebook’s Messenger”. За возврат, потрошувачите ќе можат да купуваат online преку апликацијата, да добиваат информации за нарачката преку инстант пораки, да им кажат на своите пријатели за нивните набавки и да го споделат тоа што го купиле, сето ова без притоа да одат до сајтот за е-трговија од кој сакаат да купуваат.

Ове е сосема ново поле на кое Facebook допрва ќе се развива, па останува да почекаме во периодот кој ни претстои за да видиме колку сето ова ќе биде прифатено и развивано.