Месеци одкако се шират гласините за неговото излегување, iPhone 7 (и 7 Plus) конечно е овде во живо! Од Apple ги објавија и двата модела денеска на промотивниот настан кој се одржува во Сан Франциско. Најпрвин се запознавме со официјалните спецификации на Apple кога тие случајно се издадоа себе си преку еден твит, кој, не после долгу, беше избришан.
Иако настанот сеуште трае, еве го она што го дознавме до сега:
– Прилагодливо, чувствително на дошир Home копче. Haptic поддршка.
– Ќе биде водотпорен (IP67), како што се некои модели на Samsung и Sony (IP68).
– iPhone 7 има 12-мегапикселна камера со оптички стабилизатор на сликата кој ги држи сликите постабилни.
– Додаден е и втор звучник, т.н. стерео звучник.
– Поголем капацитет на батеријата за подолготрајно користење.
– Високо-сјаен црн елоксиран метал околу краевите.
– Бои: сјајна црна, црна, златна, сребрена, розе-златна
– Скриена антена.
Земајќи го во предвид фактот дека презентацијата сеуште е во тек, можно е од Apple допрва да не изненадат, откривајќи ни уште повеќе интересни новитети поврзани со долгоочекуваниот и фамозен iPhone 7.