Snapchat направи вистинска бура во светот на социјалните медиуми. За кратко време беше прифатен од илјадници корисници, а милиони фотографии, видеа и цртежи се праќаат месечно. Очигледно беше, и само прашање на време, кога компаниите и брендовите ќе почнат да ја применуваат апликацијата за свои цели. Ако досега не сте слушнале за Snapchat (а веруваме дека ретки се оние кои немаат слушнато), станува збор за апликација со видео/фото пораки, која им овозможува на корисниците да се сликаат, да снимат видеа, додаваат текст на фотографиите и да ги испраќаат на некој од своите контакти.
Многу малку брендови досега го имаат користено Snapchat како маркетиншки медиум, но во иднина нема да смеете да го игнорирате. Штосот е во временскиот лимит на содржината и рокот на траењето. Може да креирате интегрирани маркетиншки кампањи во кои ќе им нудите ексклузивни содржини на помладата генерација, што е доста тешко да се направи. Креирајте најави за претстојните производи/услуги со фотографии и видеа кои ќе бидат достапни само неколку секунди. Преку ова се создава ексклузивност во вашата кампања, која на корисниците посебно им се допаѓа.
Клучен момент е фактот што real-time маркетингот станува се попопуларен, па компаниите треба да креираат платформи кои ќе им овозможат на корисниците да бидат дел од целото искуство, а не само да го доживуваат.
Одличен пример за погоре споменатото е секако кампањата на World Wildlife Fund, #Lastselfie Snapchat Campagn која има за цел да ја подигне свеста за загрозените видови.

wwflastselfie