ChatSim Unlimited претставува глобална роаминг SIM картичка со незамислива цена, 12 долари за SIM, плус 12 долари годишно за неограничено испраќање пораки преку различни апликации. Единствено, ограничениот број на апликации кои ја поддржуваат оваа картичка значи дека услугите ќе бидат доста ограничени.
ChatSim работи во 150 земји. Откако ќе ја вметнете SIM картичката во отклучен телефон, треба мануелно да го подесете вашиот телефон на ChatSIM прилагодување. Доколку не го сторите тоа, може да дојде до блокирање на вашата картичка, при што ќе треба да се логирате на веб страната на ChatSim преку Wi-Fi конекција за да ја одблокирате.
Со ChatSim, можете да праќате текстуални и звучни пораки користејќи ги WhatsApp и Facebook Messenger. Останати апликации кои се поддржани од картичката се BBM, Hike, Imo, Kakao Talk, LINE, QQ, Telegram и WeChat. Очигледно дека на оваа листа не се наоѓаат четири од петте најкористени апликации, Viber, Skype, iMessage и Yahoo. Исто така картичката не ги поддржува ниту Snapchat и Twitter. Facebook Messenger е најверојатно најпопуларната и најчесто користена апликација на оваа листа.
Доколку сакате да испраќате или добивате мултимедија или да се јавите директно (VoIP повици), треба дополнително да доплатите. Во повеќето земји, ChatSim наплаќа 10 Евра (околу 11 Долари) за 40MB на податоци, или 25 Евра (околу 27.50 Долари) за 100MB. Од ChatSim проценуваат дека 40MB ви овозможуваат 200 фотографии, 40 видеа или 80 минути во разговори.
ChatSim не ви овозможува стандарден интернет пристап, што значи нема веб пребарување, нема мапи, нема преноси. Со други зборови, можете да го користите Facebook Messenger, но не можете да го обновите вашиот Facebook статус, за што ќе ви биде потребна Wi-Fi конекција.