Од Google одлучија дека е време да ги извадат од сенка своите телефони и директно да се втурнат во трка со најголемите производители на мобилни телефони, Samsung и Apple. Добредојдовте во новата ера на Pixel телефоните.

Со дополнителните услуги кои ги нудат со Pixel телефоните и со плановите за продажба, компанијата покажува значително поголеми амбиции одошто покажаа последните шест години со Nexus телефоните.

Двата нови модела, Pixel и Pixel XL, официјално нарекувани “Pixel, телефон од Google”, имаат “G” на задната страна, асоцирајќи на Google кој ги дизајнираше телефоните, овој пат, самостојно, наместо да го унапредува претходниот Nexus.

Google Pixel ја има највисоко рангираната смартфон камера, батерија која трае цел ден, неограничена меморија за сите ваши фотографии и видеа и претставува првиот мобилен телефон со вграден Google Assistant. Содржи комбиниран хардвер и софтвер направен од Google, вклучувајќи ги најкористените апликации, со цел побрзо и полесно користење. Исто така, можете да си одберете од креативните бампери кои Google ги дизајнираше, со интересни и креативни теми од Google Earth i Google Trends.

Нешто што со сигурност го прави конкурентен и модерен, секако е фактот што Pixel е наменет за виртуелна реалност. Daydream View претставува VR опрема конторолирана од Google која ви овозможува да истражувате нови светови, да гледате филмови во вашата лична VR кинотека или да играте игри кои ве ставаат во центарот на акцијата.

На крај, за љубителите на Google Pixel, овие модели ќе бидат достапни во две големини и три бои, Quite Black, Very Silver и Really Blue.