Работите напорно и константно. Имате задоволни клиенти, но имате чувство дека не го искористувате целосно својот капацитет на работење. Време е за промени!

Во ерата на глобалниот свет, погубно е да размислувате дека доволно е само да работите, а работата постојатно ќе си доаѓа сама. “Мене сите ме знаат!” или “Не ми е потребна реклама, тоа е за новите на пазарот!” е заблуда од која треба да излезете што поскоро, доколку сакате да останете прв избор за вашите потрошувачи или клиенти. Само запрашајте се зошто една Coca Cola, која постои од 1886 година и е лидер на глобалниот пазар, годишно троши една милијарда долари на маркетинг кампањи и реклами?

Денес постојат безброј начини да се промовирате, но несомнено еден и единствен начин за брз и најмасовен досег претставуваат социјалните медиуми. Сите сме на интернет е факт кој е и повеќе од потврден. Во Македонија, повеќе од 90% од населението имаат пристап на интернет, преку мобилен интернет или преку јавни мрежи. Што тоа значи за бизнисите? Огромен потенцијал за привлекување на нови корисници и потрошувачи!

Но, нормално, не е се така розево, освен ако не сте нашле добар партнер на кој доверливо ќе му ја препуштите работата и кој ќе ви пружи несебична поддршка и најдобро ќе го процени начинот и стратегијата за пристап кон вашите кленти. Себично е и погрешно од страна на бизнисите кога мислат дека самите можат да се справат со сите обрвски кои ги имаат, а притоа водејќи сметка и за сите оние дополнителни вредности и сектори кои се опфатени во целокупниот процес на работењето. Замислете дали е физички возможно еден човек, најчесто сопственик, да биде и директор, сметководител, одговорен за односите со јавноста, да комуницира со клиенти, да го организира работниот процес, да врши набавки, да планира и одозгора, да биде способен да направи правилна проценка и квалитетен план и стратегија за ефективна маркетинг кампања, нешто што е случај кај нас. Ова најмногу се однесува на малите и средни бизниси, каде ресурсите и капацитетите се сведени на минимум, па преовладува помислата за заштеда.

Не дозволувајте да ве снајде да учите од споствените грешки. Учете од успешните примери на професионалци, на кои тоа им е работа и им претставува предизвик. Пристапете слободно и отворено дискутирајте на темите и проблемите кои ве засегаат, така најправилно ќе се донесат одлуките и најлесно ќе го пронајдете вистинското решение.

Пристапете и уверете се во квалитетот и вредноста која ја креираме и флексибилноста која ја градиме и преку која ја одржуваме соработката со нашите клиенти. Нам не одржува стремежот кон успех, за долгорочни соработки и нови предизвици.

Не губете повеќе време, контактирајте не веднаш на следниов линк и дознајте што е најдобро за вас и вашиот бизнис!