Првото прашање што треба да се одговори е прашањето ‘зошто’?
Тоа зависи од вашите цели. Дали сте на социјалните мрежи за да ги промовирате вашите продукти? За да привлечете посетеност на вашиот веб сајт? Или да ги опслужите вашите клиенти?

Во принцип, постојат 9 цели:
1. Зголемување на свесноста за брендот
2. Привлекување посетеност на вашиот веб сајт
3. Создавање на потенцијални клиенти
4. Раст на приход (преку нови членови или продажби)
5. Подигање на брендовиот ангажман
6. Градење на заедница околу вашиот бизнис
7. Нудење на клиентски услуги
8. Зголемување на вашето присуство во печат
9. Слушење на муабети околу вашиот бренд

Веројатно би имале повеќе од една цел, и тоа е во ред.
Обично, би било добро да се даде фокус на неколку цели освен ако немате тим, каде што повеќе луѓе или групи работат во тимот на различни цели.