Додека гледаме кон  2021 година која ни е на прагот, треба да се запрашаме: Кои промени во однесувањето на потрошувачите и која маркетинг стратегија ќе имаат позитивно влијание во поглед на подобрување на условите и успехот на компаниите и потрошувачите?
Постои причина да гледаме позитивно на иднината во дигиталниот свет. Постојат дигитални канали кои што имаа големи користи од целата ситуација и треба да ги следиме позитивните примери.
Ваков пример  е Zoom, компанија која што доживеа вртоглав раст на акциите во време на пандемијата.
Во продолжение ќе ги разгледиме  трендовите за кои предвидуваме дека драматично ќе го променат дигиталниот маркетинг во 2021 година:

 

1. Однесувањето на потрушувачите постпандемично драстично ќе се промени
Иако ќе бидат потребни дополнителни напори и истражувања за да се предвиди однесувањето на потрошувачите и интернет корисниците, она што е извесно е дека компаниите и брендовите ќе мора да претрпат драстични промени во својот приод кон пазарот и кон своите потрошувачи.
Традиционалниот тип на настани како и посетата на продажните салони ќе се промени во поглед на “новата нормалност”, што ќе донесе драстично зголемување на организирањето на виртуелни настани и зголемување на онлајн продажбата.

2. Бизнисите ќе бидат приморани да се дигитализираат
Целата ситуација со пандемијата ги примори компаниите да се дигитализираат.
Голем број компании во светот почна да инвестираат големи средства во дигитални платформи, е-комерција, чет ботови, емаил маректинг и комуникација, апликации, вештачка интелигенција и слично. Овој тренд и дополнително ќе продлжи во текот на 2021-та.

3. Општествена и етичка одговорност и свесност за заштита на околината и животната средина од страна на компаниите и брендовите ќе процветаат
Истражувањата покажуваат дека деловната етика ќе биде во фокус како област за која компаниите до сега многу малку размислуваа и инвестираа. Изненадувачки, во последно време се повеќе брендови практикуваат анти-конзумеризам, како пристап кој во минатото не беше воопшто ни логичен.

4. Маркетингот со инфлуенсери ќе ја зацврсти својата позиција како клучен канал за потрошувачки бренд
Потрошувачките брендови историски гледано ги користат инфлуенсерите во своите кампањи, а пандемијата си го направи своето, па со рестрикциите за физичко купување, значително се зголеми и така големото влијание на инфлуенсетите врз своите следбеници, односно потрошувачите.

Ние веруваме дека 2021 ќе биде полна со оптимизам, со фокус на дигитализација и дигиталните услуги, а потрошувачите ќе се стремат кон побрзо и поедноставено онлајн искуство.