1. Покажете ги вработените
Нема ништо посимпатично од промовирање на брендот од насмеано, среќно лице.
Многу често, компаниите објавуваат фотографии од team building дружби каде што најчесто не се препознаваат индивидуални лица. Иако тимските фотографии можат да бидат многу забавни, не потценувајте ја моќта на индивидуалниот кадар.

2. Раскажувате за новостите, но не ги споделувате поводите за славење
Како компанија соработувате со клиенти и/или партнери, па сигурно постојат интересни приказни поврзани со нив и заедничката соработка. Успешен производ, наградувана услуга и слични успеси вреди да се прослават не само внатрешно, туку и преку социјалните медиуми.
Таму, не споделувајте само долго здодевно соопштение за публиката за лансирање на апликација или за финансирање за старт ап. Всушност, добро е ако го направите тоа, но, размислете и за некои други начини за претставување на таквата приказна. Не пишувајте со многу висок стил на изразување бидејќи тие текстови најчесто не поминуваат добро на социјалните медиуми.

3. Го споделувате забавниот дел од работата и не обрнувате доволно внимание на споделувањето на вашите вештини
Дали некогаш сте се запрашале зошто некој талентиран човек би сакал да се приклучи на вашата компанија? Конкурентна плата? Добар ручек? Не баш! Повеќепати, талентираните индивидуи одлучуваат да станат дел од некоја фирма поради нивната желба да растат професионално и да гледаат како компанијата расте поради нивниот придонес и вложување.
Затоа, погрижете се да му покажете на светот дека вие сте оние кои „вдомуваат“ интелектуалци и професионалци во својата област. Следете го едноставното правило – талентот привлекува талент, без разлика дали е директно или индиректно. Запаметете, задолжително е да покажете дека имате луѓе со кои вреди да се работи.